Формирање на протоѕвезда опкружена со гасовидна маглина во форма на песочен часовник.
Формирање на протоѕвезда опкружена со гасовидна маглина во форма на песочен часовник.
Да, заедно се систем на интерактивни галаксии и овие конкретно се викаат Arp 273, повеќе информации тука:
en.wikipedia.org/wiki/Arp_273
Галаксиите UGC 1810 и UGC 1813 интерактуваат заедно и формираат кластер кој наликува на ружа.
Астронаутот Кетрин Тхорнтон работи на одржување на Хабл Вселенскиот Телескоп, сликано на 8 Декември 1993 година.
Аурора на Сатурн.
Визуелна слика (слика од видлива светлина, сликана од Hubble вселенскиот телескоп) од големата маглина Карина.
За жал веројатноста е дека нема да можеме во наш животен век... но некоја од идните генерации можеби.
Ние живееме во ера на сонувачи, и тоа си има убавина само по себе.
Џиновската маглина NGC 2014 и нејзиниот сосед NGC 2020 кои заедно формираат голем регион во кој се формираат ѕвезди. Двете се дел од галаксијата Голем Магеланов Облак која е сателит/придружна галаксија на нашата Млечен Пат оддалечена „само“ 163000 светлосни години.
Многу ми е јако што го гледаш ова дека постои во истиот простор со нас и некое неописливо чувство се јавува во тебе, ја осеќаш и големината ама и малоста на универзумот 🤩
благодарам @mesechinka.bsky.mk откога дознав, секоја вечер го гледам Јупитер како мине низ небото
Слика од Јупитер и неговата месечина Еуропа од Август 2020 сликана од Hubble вселенскиот телескоп на NASA.
Во моментот на сликање Јупитер бил оддалечен 653 милиони километри од Земјата.
Маглината N44 сликана од Hubble.
Карактеристична по разновидноста која ја исполнува - од водороден гас кој свети, до масивните ѕвезди и темни ленти од прашина... Но сепак најкарактеристична одлика е процепот во средина кој е наречен „Супермеур“ (Superbubble).
M104 или позната ко Сомбреро Галаксија
Сликано од Hubble вселенскиот телескоп на NASA. Ова е една од најсликовитите галаксии со своето светло јадро и карактеристичен прстенест облак од материја што ја прави да потсеќа на Мексикански шешир по што го добила и прекарот.
Тоа што ги фасцинира астрономите е дека нема знаци дека оваа галаксија пораснала волку поради спојување со други галаксии во минатото.
Прекарот Рубинова Галаксија го добила по астрономот Вера Рубин чии обзервации довеле до првите докази за постоењето на темна материја (dark matter).
Ова е галаксијата UGC 2885 или позната како Рубинова Галаксија (Rubin's Galaxy) - е една од најголемите до сега забележани спирални галаксии.
Има дијаметар повеќе од два пати поголем од дијаметарот на нашата (Млечен Пат) галаксија и сидржи 10 пати повеќе ѕвезди!
Orion Nebula
Маглината/небулата/облакот Орион е една од најсветлите маглини видливи на нашето небо. Сликано од James Webb вселенскиот телескоп со NIRCam камера подесена за кратки бранови должини на првата слика и подесена за долги бранови должини на втората слика. Која ви се допаѓа повеќе?
Cluster NGC 6544
Сликано од Hubble вселенскиот телескоп на NASA.
Cygnus Loop
Сликано од Hubble телескопот на NASA, е само мал дел од меур од супернова кој се шири со брзина од околу 223km/s што е брзина со која може да се стигне од земјата до месечината за помалку од половина час.
Southern Ring Nebula (NIRCam)
Сликано од James Webb телескопот на NASA во near-infrared (NIRCam) режим на сликање.
Carina Nebula
слика од James Webb вселенскиот телескоп.